Skip to product information
Тематски „ Букви и бројки“ календар со активности | 4-6 години

Тематски „ Букви и бројки“ календар со активности | 4-6 години

690 ден.

Развојно воден календар со активности за деца од 4 до 6 години, создаден да го поддржи периодот кога детето прв пат ги забележува буквите и бројките насекаде околу себе  во маркет, на кутија со млеко, на лифт и почнува да прашува „што пишува тука?".

Периодот од 4 до 6 години е времето кога симболите почнуваат да значат нешто. Буквата повеќе не е цртеж, а бројката не е само збор што се повторува наизуст туку стануваат алатки. Детето го поврзува гласот со буквата, разбира дека „3" значи три предмети, раката бара прецизност, а окото учи да се движи одлево надесно. Тоа се темелите на читањето и пишувањето и тие се градат пред училиште, во игра.

Овој календар е создаден за да не мора да бараш, да смислуваш и да се сомневаш дали го правиш вистинското. Активностите тука не се учење со работни листови, туку игра: со сол, вода, боја, штипки, зрна и коцки. Целта не е детето да знае да чита на пет години, туку раката, окото и вниманието да бидат спремни кога ќе дојде време за тоа.

Секоја игра се подготвува за неколку минути, од материјали што најчесто веќе ги имаш дома. Нема редослед и нема доцнење — избираш според денот, енергијата и интересот на детето, а штиклираш што сте одиграле.

Што добиваш?

  • 21 активност со букви и бројки за возраст 4–6 години, во PDF формат, лесен за користење на телефон или за печатење
  • Активности поделени во три целини: букви, бројки, и рака и молив (директна подготовка за пишување)
  • Јасни инструкции, список со потребни материјали и совет за проширување кај секоја активност
  • Ознака за време кај секоја игра: веднаш без подготовка, до 5 минути, или 5–15 минути подготовка
  • Список за подготовка — што веќе имаш дома и што вреди да набавиш; собираш еднаш во кутија и не бараш повторно
  • Дел „Пред да започнеме": што се менува кај детето меѓу четвртата и шестата година и кои се клучните развојни пресвртници
  • Пет потсетници за игра без отпор, вклучувајќи го и најважниот — гласот, не името на буквата

Како да го користиш календарот?

Календарот нема редослед и не се работи по датум. Отвораш, избираш игра според расположението и времето што го имаш, и штиклираш. Пет минути со целосно внимание вредат повеќе од половина час со отпор. Некои деца на четири веќе ги пишуваат буквите, други на шест само ги препознаваат  и двете се во ред. Играј според детето, не според календарот.

Сите активности задолжително се изведуваат под надзор на возрасен, особено оние со ножички, ситни зрна и мали камчиња. Доколку имаш било каква загриженост околу развојот на твоето дете, секогаш консултирај се со педијатар.

You may also like