Skip to product information
Календар со активности | 22-24 месеци

Календар со активности | 22-24 месеци

490 ден.

Развојно воден календар со секојдневни активности за деца од 22 до 24 месеци, создаден да ги поддржи клучните развојни одредници во период кога детето влегува во втората година со силна желба за самостојност, комуникација и истражување.

Периодот од 22 до 24 месеци е време кога детето веќе сигурно се движи, трча, се качува и активно го користи своето тело за истражување на светот. Говорот се развива забрзано, се појавуваат повеќе зборови и први кратки фрази, а играта станува сè посмислена, со елементи на имитација и симболика. Во оваа фаза, детето јасно ги изразува своите желби, емоции и мислења, а градењето самостојност е во полн ек.

Овој календар е создаден за да ти помогне секој ден да знаеш што да понудиш на твоето дете, без пребарување, без сомнеж и без притисок. Секоја активност е внимателно осмислена според развојните фази на оваа возраст и ги следи природните потреби на детето за движење, говор, игра по улоги, повторување и учење преку секојдневни ситуации.

Активностите се едноставни, интересни и лесни за подготовка, со материјали што најчесто веќе ги имаш дома. Целта не е „совршена активност“, туку поддршка на развојот преку игра, трпение и создавање сигурни моменти на блискост и разбирање.

Што добиваш?

  • Календар со секојдневни активности за возраст 22-24 месеци во PDF формат, лесен за користење на телефон или печатење
  • Активности усогласени со развојните скокови и зголемената самостојност
  • Јасни, лесни инструкции и материјали што се достапни дома
  • Поддршка за моторен, јазичен, когнитивен и социјално-емоционален развој + моменти на блискост

Како да го користиш календарот?

Календарот се користи секојдневно или со ваше темпо, преку кратки моменти на игра на под, низ домот, надвор или како дел од дневните рутини. Активностите секогаш се прилагодуваат на интересот, енергијата и расположението на твоето дете.

Сите активности задолжително се изведуваат под постојан надзор на возрасен. Доколку имаш било каква загриженост околу развојот на твоето дете, секогаш консултирај се со педијатар.

You may also like