Продавница
Запознај нè
Следи нè
Развојно воден календар со секојдневни активности за бебиња од 6 до 8 месеци, создаден да ги поддржи клучните развојни одредници преку игра, допир и поврзување. Периодот од 6 до 8 месеци е време на огромни промени. Твоето бебе станува поактивно, пољубопитно и сè повеќе сака да истражува. Почнува да го запознава светот преку допир, движење, звук и причина–последица, а истовремено поминува низ важни развојни „скокови“.
Овој календар е создаден за да ти помогне секој ден да знаеш што да понудиш, без пребарување, без сомнеж, и најважно, без притисок. Секоја активност е внимателно осмислена според развојните фази на оваа возраст и ги следи природните потреби на бебето.
Активностите се интересни, немаат комплицирана подготовка и се со материјали што најчесто веќе ги имаш дома. Целта не е „учење“, туку поддршка на развојот преку игра и создавање моменти на блискост помеѓу тебе и твоето бебе.
Календарот се користи секојдневно или со ваше темпо, преку кратки моменти на игра, на под, во скут, хранилка или помеѓу дневните рутини. Активностите се прилагодуваат на расположението и ритамот на твоето бебе.
Сите активности задолжително се изведуваат под постојан надзор на возрасен. Доколку имаш било каква загриженост околу развојот на твоето бебе, секогаш консултирај се со својот педијатар.