Продавница
Запознај нè
Следи нè
Оваа Политика на приватност се применува исклучиво на нашата веб-страница. Со Политиката за заштита на личните податоци се уредува правото на приватност и безбедност при обработката на личните податоци, во согласност со важечките законски прописи за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија и применливите стандарди.
Политиката на приватност ја дефинира постапката според која веб-страницата ги собира, користи и чува податоците обезбедени од корисниците. Се обврзуваме да ја заштитиме приватноста на сите наши купувачи и корисници. Собираме исклучиво неопходни и основни податоци, потребни за функционирањето на услугите и за навремено и квалитетно информирање на корисниците.
Посетата на нашата веб-страница е анонимна. Лични и идентификациски податоци се прибираат само доколку корисникот доброволно ги достави, при регистрација, поставување прашање или доколку се согласи да прима информации, известувања и промотивни содржини преку email.
Во случај на регистрација за онлајн купување, личните податоци кои корисникот ги внесува (име и презиме, телефон за контакт, адреса, град и email) се користат исклучиво за потребите на обработка и реализација на нарачката.
Податоците може да бидат споделени само кога тоа е неопходно за наша заштита или за заштита на трети лица. Го задржуваме правото да ги откриеме личните податоци исклучиво доколку тоа е законски задолжително или кога сметаме дека таквото откривање е неопходно за заштита на нашите права, како и во рамки на судска постапка, судски налог или друг правен процес поврзан со веб-страницата. Д Мимио може, во секое време, да ја ажурира оваа Политика на приватност со цел усогласување со важечките регулативи.