За нас

Здраво, јас сум Ангела 🤍

Сопруга и мама на две мали дечиња. Тие се мојата најголема инспирација и причината поради која секојдневно учам, растам и сè повеќе верувам дека играта е најприродниот, најлесниот и најубавиот начин на учење. Преку нив научив дека играта има моќ да создава силни врски, блискост и спомени што се паметат цел живот.

Како мајка, од првите моменти постојано се обидував да најдам начини како да поминуваме квалитетно време заедно, како да учат преку игра, но без совршенство, само со многу љубов. Така започнав да применувам и споделувам со вас лесни, брзи и сензорни игри и активности, прилагодени на реалниот ритам на семејниот живот. Игри што ги следат развојните фази на децата и им дозволуваат да учат преку игра, заедно со родителите.

Со текот на времето, таа љубов прерасна во нешто повеќе. Минатата година ја започнав приказната со календари со активности, поделени според возраст, развојни фази и сезони. Оваа година, со многу срце и храброст, го оформив и мојот мал бизнис.

Така се роди D MIMIO.

Името ја носи буквата D - симбол на моите две деца, чии имиња започнуваат со оваа буква. Логото, пеперутка создадена од две „D“ свртени со грб една кон друга, ја претставува врската помеѓу нив, но и врската со нас. Едно крило се они, другото ние како огледало, но длабоко поврзани преку нишката на љубовта, присутноста и играта.

Верувам дека секое дете е огледало на своите родители. Тие не учат од она што им го кажуваме, туку од она што го правиме со нив. Ние сме нивната прва и најголема инспирација.

Преку D MIMIO играта ја носиме до секој дом прво преку календарчињата со активности и второ со внимателно одбрани и безбедни производи за игра за нашите најмали од најрана возраст. Сè со една цел: да им помогнеме на родителите да изберат игра наместо екран и поврзаност наместо брза забава.

Добредојде во свет каде играта е јазикот на детето, а родителот неговото огледало.

 

🤍 Со љубов Ангела