Што треба за знаете за сензорната игра?

Сензорната игра не е само забава. Таа помага во развојот на моториката, координацијата, саморегулацијата и креативното размислување. Преку слободна и отворена игра, детето учи да донесува одлуки, да истражува без страв и да ја гради самодовербата.

Зошто е важна сензорната игра?

Сензорната игра е природен и суштински дел од детскиот развој. Преку допир, движење, вкус, мирис, рамнотежа, вид и интеракција со околината, децата го истражуваат светот и го развиваат својот мозок уште од најрана возраст.

Современите истражувања во областа на развојната психологија и невронауката покажуваат дека токму првите години од животот се клучни за развојот на мозокот. Искуствата што детето ги стекнува преку игра во овој период ги поставуваат темелите за подоцнежно учење, концентрација, емоционална стабилност и социјални вештини.

Сензорната игра не е само забава. Таа помага во развојот на моториката, координацијата, саморегулацијата и креативното размислување. Преку слободна и отворена игра, детето учи да донесува одлуки, да истражува без страв и да ја гради самодовербата.

Добро смислените сензорни активности му овозможуваат на детето безбедна средина за учење преку сопствено искуство, без притисок, без однапред зададени правила и без „точни“ или „погрешни“ решенија.

Кои се придобивките од сензорната игра?

Подобрување на моторни вештини

Преку газење, лазење, балансирање и манипулација со предмети се развиваат: фина моторика (прсти, раце) и груба моторика (рамнотежа, координација, стабилност).

Ова е основа за подоцнежни вештини како пишување, цртање и спорт.

Когнитивен развој

Сензорната стимулација директно влијае на развојот на мозокот и помага на децата да развијат вештини за решавање проблеми, критичко размислување и носење одлуки.

Раните години се најкритични за создавање мозочни врски, а играта е природниот начин на учење кај децата.

Говор и концентрација

Сензорната игра помага во: подобра концентрација, подолг фокус и полесно процесирање на информации.

Децата кои редовно имаат сензорна стимулација често полесно се смируваат и подобро ги изразуваат своите потреби.

Самостојна и креативна игра

Сензорната игра не бара инструкции. Детето само истражува, експериментира и создава сопствени сценарија за игра, што ја поттикнува креативноста и независното размислување.

Емоционална регулација и самодоверба

Преку играта, детето учи: како да се смири, како да се справи со фрустрација и како да биде сигурно во своето тело.

Ова гради вештини како емпатија, комуникација, соработка, самодоверба и чувство на сигурност.

Внатрешната рамнотежа и чувство на сигурност

Сензорната игра може да биде особено значајна за деца на кои им е потребна дополнителна поддршка во обработката на надворешните дразби или во смирувањето и фокусирањето.

Преку игра со различни текстури, движења и повторливи активности, детето добива можност да се поврзе со своето тело и околината на начин кој му одговара.

Започнете денес со сензорни игри

Подготвивме избор од бесплатни материјали за принтање и идеи за брзи игри кои го поттикнуваат детското истражување, креативноста и сензорната игра во секојдневието. Активностите се лесни за подготовка, флексибилни и прилагодливи за различни возрасти и интереси.

Дел од идеите се инспирирани од Inspire My Play, а дел произлегуваат од нашето сопствено искуство и начинот на кој ние самите си играме дома спонтано, со малку материјали и многу имагинација.

Содржината редовно ќе се надополнува и се прилагодува според сезоните, празниците и моменталните интереси на децата. Сите материјали се бесплатни за преземање и користење, со цел да ја направиме сензорната и креативната игра подостапна и порадосна за секое семејство.

Бесплатни материјали и идеи