Skip to product information
Сет бројки | Number Set

Сет бројки | Number Set

1,390 ден.

Опис

Овој силиконски сет бројки е создаден за децата преку природна игра да ги запознаат броевите. Мекиот силикон е лесен за држење, стискање, редење и печатење во пластелин. Децата можат да ги следат формите со прст, да сортираат, да споредуваат и да создаваат свои мали „математички“ светови.

Бројките се совршени додатоци на PlayTRAY™ кутијата за сензорни активности, но и за учење дома или во градинка. Одлични се за игра со зрна, вода, песок или пластелин и за сите активности кои ја поттикнуваат фината моторика и рано математичко размислување.

Изработени се од премиум силикон, нетоксичен и безбеден за контакт со храна, што ги прави трајни и безбедни за секојдневна детска игра.

Карактеристики

  • Сет од 20 силиконски бројки и 10 силиконски математички симболи
  • По две од секоја цифра од 0 до 9
  • Математички симболи (+, −, ×, ÷, =)
  • Мек и пријатен материјал за лесно држење
  • Премиум, нетоксичен силикон безбеден за контакт со храна
  • Комплетно компатибилни со PlayTRAY™ активности
  • Торбичка за складирање што се пере и пропушта воздух
  • Лесни за миење и одржување

Препорачана употреба

3+ години

Одлични за рано препознавање и учење на бројки. Супер за активности со зрна, вода, песок и пластелин. Корисни за сортирање, редење и споредување. Идеални за сензорни игри во комбинација со PlayTRAY™.

Безбедност

Секогаш користете под надзор на возрасен и прилагодувајте ги материјалите според возраста на детето. Измијте по употреба и чувајте ги суви. Избегнувајте директно сонце за да се зачува материјалот.

You may also like