Skip to product information
ПАКЕТ Кутија за сензорна игра + Почетен сет | PlayTRAY™+ Starter Bundle

ПАКЕТ Кутија за сензорна игра + Почетен сет | PlayTRAY™+ Starter Bundle

Sale price  5,890 ден. Regular price  6,580 ден.

Опис

Ако сакате да започнете со сензорна игра дома, ова е најкомплетниот и најпрактичниот сет за почеток. Сетот ги содржи оригиналната PlayTRAY™ кутија за сензорна игра и Почетниот сет кој содржи 5 додатоци за игра. Овој пакет создава подготвен простор и алатки за богата, смислена и организирана игра уште од првиот ден.

Кутијата за сензорна игра обезбедува стабилна, уредна и флексибилна основа за безброј игри со различни материјали. Додека Почетниот сет им дава на децата алатки за истражување, мешање, прелевање, префрлање и откривање. Заедно, тие создаваат целосно искуство за сензорна игра што ќе ја поттикне љубоптиноста, креативноста и ќе ја поддржи секоја развојна фаза во која се наоѓа вашето дете.

Овој пакет е идеален за родители кои:

  • сакаат игра без неред и долги подготовки
  • бараат квалитетни и безбедни материјали
  • сакаат да ги заменат екраните со квалитетно време и учење преку игра

Што добивате во пакетот

Кутија за сензорна игра - The Original PlayTRAY™ 

  • Длабок послужавник со капак
  • Плитка подлога која служи и како капак со силиконски раб
  • Шест внатрешни прегради што се вадат
  • Нелизгачки силиконски делови за стабилност
  • Издржлив, лесен за миење и практичен за секојдневна употреба

🧰 Почетен сет за сензорна игра - Starter Tool Kit 

  • Чинија
  • Пипета
  • Лопатка
  • Фаќалка
  • Инка
  • Торбичка за складирање

Карактеристики

  • Комплетен сет за сензорна игра
  • Премиум материјали без BPA, PVC и фталати
  • Погоден за сува и влажна игра
  • Лесен за чистење и одржување
  • Практичен за дома, градинка или на пат

Препорачана употреба

2+ години

 Кутија за сензорна игра - PlayTRAY™ ја поставува сцената, а додатоците од Почетниот сет ја оживуваат играта.
Децата природно учат преку допир, движење и експериментирање, а овој сет им го овозможува токму тоа на начин кој е едноставен и практичен и за нас родителите.

Погоден е за:

  • игра со вода, зрна, овес, ориз, тесто и останати материјали
  • активности за прелевање, мешање и трансфер
  • развој на фина моторика и координација
  • отворен тип на игра и самостојно истражување

Безбедност

Секогаш користете под надзор на возрасен и прилагодувајте ги материјалите според возраста на детето. По употреба добро исушете ги алатките пред складирање.

You may also like