Продавница
Запознај нè
Следи нè
Развојно воден календар со секојдневни активности за бебиња од 8 до 10 месеци, создаден да ги поддржи клучните развојни одредници во период кога бебето станува сè поактивно, пољубопитно и посамостојно преку игра, движење и поврзување.
Периодот од 8 до 10 месеци е фаза на големи промени. Твоето бебе повеќе се движи, истражува со намера и сè подобро ја разбира околината. Почнува да ползи побрзо, да се подига со потпирање, да фаќа мали предмети со прсти и активно да експериментира со причина и последица. Во исто време, се зајакнува емоционалната врска со блиските и може да се појави анксиозност при разделување што е сосема нормален дел од развојот.
Овој календар е создаден за да ти помогне секој ден да знаеш што да понудиш на твоето бебе, без пребарување, без сомнеж и најважно без притисок. Секоја активност е внимателно осмислена според развојните фази на оваа возраст и ги следи природните потреби на бебето за движење, истражување, комуникација и учење преку игра.
Активностите се интересни, немаат комплицирана подготовка и се со материјали што најчесто веќе ги имаш дома. Целта не е „учење“, туку поддршка на развојот преку игра и создавање моменти на блискост помеѓу тебе и твоето бебе.
Календарот се користи секојдневно или со ваше темпо, преку кратки моменти на игра на под, покрај мебел, во скут, хранилка или помеѓу дневните рутини. Активностите секогаш се прилагодуваат на расположението, енергијата и интересот на твоето бебе.
Сите активности задолжително се изведуваат под постојан надзор на возрасен. Доколку имаш било каква загриженост околу развојот на твоето бебе, секогаш консултирај се со својот педијатар.