Skip to product information
Календар со активности | 6-8 месеци

Календар со активности | 6-8 месеци

490 ден.

Развојно воден календар со секојдневни активности за бебиња од 6 до 8 месеци, создаден да ги поддржи клучните развојни одредници преку игра, допир и поврзување. Периодот од 6 до 8 месеци е време на огромни промени. Твоето бебе станува поактивно, пољубопитно и сè повеќе сака да истражува. Почнува да го запознава светот преку допир, движење, звук и причина–последица, а истовремено поминува низ важни развојни „скокови“.

Овој календар е создаден за да ти помогне секој ден да знаеш што да понудиш, без пребарување, без сомнеж, и најважно, без притисок. Секоја активност е внимателно осмислена според развојните фази на оваа возраст и ги следи природните потреби на бебето. 

Активностите се интересни, немаат комплицирана подготовка и се со материјали што најчесто веќе ги имаш дома. Целта не е „учење“, туку поддршка на развојот преку игра и создавање моменти на блискост помеѓу тебе и твоето бебе.

Што добиваш?

  • Календар со секојдневни активности за возраст 6-8 месеци во PDF формат, лесен за користење на телефон или печатење
  • Активности усогласени со развојните скокови
  • Јасни, лесни инструкции, материјали што се достапни дома
  • Поддршка за развојот на твоето бебе + моменти на блискост

Како да го користиш календарот?

Календарот се користи секојдневно или со ваше темпо, преку кратки моменти на игра, на под, во скут, хранилка или помеѓу дневните рутини. Активностите се прилагодуваат на расположението и ритамот на твоето бебе.

Сите активности задолжително се изведуваат под постојан надзор на возрасен. Доколку имаш било каква загриженост околу развојот на твоето бебе, секогаш консултирај се со својот педијатар.

You may also like