Продавница
Запознај нè
Следи нè
Развојно воден календар со секојдневни активности за деца над 3 години, создаден да ги поддржи клучните развојни одредници во период кога детето станува покреативно и сè посигурно во своите способности, но има и мал милион прашања за светот околу себе.
Периодот од 3 до 4 години е време на брз јазичен и когнитивен развој. Детето сè подобро се изразува со зборови и реченици, поставува многу прашања, сака да објаснува што прави и зошто. Играта станува подлабока и посмислена, со јасни улоги, правила и сценарија. Во оваа фаза се развива логичкото размислување, вниманието и способноста за следење едноставни инструкции.
Овој календар е создаден за да ти помогне секој ден да знаеш што да понудиш на твоето дете, без пребарување, без сомнеж и без притисок. Секоја активност е внимателно осмислена според развојните фази на оваа возраст и ги следи природните потреби на детето за истражување, изразување, креативност и учење преку игра.
Активностите се лесни за подготовка, интересни и прилагодени за реално секојдневие, со материјали што најчесто веќе ги имаш дома. Целта не е „совршена активност“, туку поддршка на развојот преку игра, разговор и создавање сигурни, поврзувачки моменти помеѓу тебе и твоето дете.
Календарот се користи секојдневно или по ваше темпо, преку кратки моменти на игра - дома, надвор или како дел од дневните рутини. Активностите се прилагодуваат на интересот, енергијата и расположението на твоето дете.
Сите активности задолжително се изведуваат под надзор на возрасен. Доколку имаш било каква загриженост околу развојот на твоето дете, секогаш консултирај се со педијатар.