Skip to product information
Календар со активности | 2-3 години

Календар со активности | 2-3 години

490 ден.

Развојно воден календар со секојдневни активности за деца од 2 до 3 години, создаден да ги поддржи клучните развојни одредници во период кога детето интензивно го гради својот говор, самостојност и разбирање на светот околу себе.

Периодот од 2 до 3 години е време на огромен напредок. Детето веќе сигурно се движи, трча, се качува, носи и турка предмети, а истовремено активно учи да се изразува со зборови, да покажува емоции и да ги тестира границите. „Јас сам“ станува омилена фраза, а играта добива подлабоко значење преку имитација, редење, сортирање и игра по улоги.

Овој календар е создаден за да ти помогне секој ден да знаеш што да понудиш на твоето дете, без пребарување, без сомнеж и без притисок. Секоја активност е внимателно осмислена според развојните фази на оваа возраст и ги следи природните потреби на детето за движење, говор, логичко размислување, фина моторика и емоционално изразување.

Активностите се едноставни, интересни и лесни за подготовка, со материјали што најчесто веќе ги имаш дома. Целта не е „совршена активност“, туку поддршка на развојот преку игра, повторување и создавање сигурни, смирени моменти на поврзување помеѓу тебе и твоето дете.

Што добиваш?

  • Календар со секојдневни активности за возраст 2-3 години во PDF формат, лесен за користење на телефон или печатење
  • Активности усогласени со развојните одредници за оваа возраст
  • Јасни, лесни инструкции и материјали што се достапни дома
  • Активности за говор, фина и крупна моторика, логика и емоционален развој
  • Поддршка за самостојност + квалитетно време заедно

Како да го користиш календарот?

Календарот се користи секојдневно или со ваше темпо, преку кратки моменти на игра - на под, во дневната соба, надвор или како дел од дневните рутини. Активностите се прилагодуваат на интересот, енергијата и расположението на твоето дете.

Сите активности задолжително се изведуваат под постојан надзор на возрасен. Доколку имаш било каква загриженост околу развојот на твоето дете, секогаш консултирај се со педијатар.

You may also like