Продавница
Запознај нè
Следи нè
Развојно воден календар со секојдневни активности за деца од 16 до 18 месеци, создаден да ги поддржи клучните развојни одредници во период кога детето станува сè посамостојно, поупорно и активно го истражува светот околу себе.
Периодот од 16 до 18 месеци е време на силен напредок во движењето, говорот и самостојноста. Повеќето деца веќе одат или активно вежбаат одење, сакаат да носат, туркаат, редат и рушат, а желбата „јас сам“ станува сè поизразена. Во оваа фаза, децата почнуваат појасно да ги покажуваат своите емоции, преференции и фрустрации, а имитацијата и играта по улоги стануваат сè почести.
Овој календар е создаден за да ти помогне секој ден да знаеш што да понудиш на твоето дете, без пребарување, без сомнеж и без притисок. Секоја активност е внимателно осмислена според развојните фази на оваа возраст и ги следи природните потреби на детето за движење, истражување, повторување и комуникација.
Активностите се едноставни, интересни и лесни за подготовка, со материјали што најчесто веќе ги имаш дома. Целта не е „совршена активност“, туку поддршка на развојот преку игра и создавање моменти на блискост, трпение и разбирање.
Календарот се користи секојдневно или со ваше темпо, преку кратки моменти на игра на под, низ домот, надвор или како дел од дневните рутини. Активностите се прилагодуваат на интересот, енергијата и расположението на твоето дете.
Сите активности задолжително се изведуваат под постојан надзор на возрасен. Доколку имаш било каква загриженост околу развојот на твоето дете, секогаш консултирај се со педијатар.