Skip to product information
Календар со активности | 13-15 месеци

Календар со активности | 13-15 месеци

490 ден.

Развојно воден календар со секојдневни активности за бебиња од 13 до 15 месеци, создаден да ги поддржи клучните развојни одредници во период кога бебето влегува во светот на малите истражувачи.

Периодот од 13 до 15 месеци е време на забрзан моторен, когнитивен и социјален развој. Бебињата сè повеќе се движат, проодуваат или активно вежбаат одење, истражуваат со раце и прсти и покажуваат сè поголема желба за самостојност. Во оваа фаза, тие почнуваат појасно да ги изразуваат своите желби, емоции и преференции, а имитацијата на возрасните станува омилена форма на игра.

Овој календар е создаден за да ти помогне секој ден да знаеш што да понудиш на твоето бебе, без пребарување, без сомнеж и без притисок. Секоја активност е внимателно осмислена според развојните фази на оваа возраст и ги следи природните потреби на бебето за движење, истражување, комуникација и учење преку игра.

Активностите се едноставни, интересни и без комплицирана подготовка, со материјали што најчесто веќе ги имаш дома. Целта не е „учење“, туку поддршка на развојот преку игра, охрабрување на самостојноста и создавање моменти на блискост помеѓу тебе и твоето бебе.

Што добиваш?

  • Календар со секојдневни активности за возраст 13-15 месеци во PDF формат, лесен за користење на телефон или печатење
  • Активности усогласени со развојните скокови и зголемената самостојност
  • Јасни, лесни инструкции и материјали што се достапни дома
  • Поддршка за моторен, јазичен, сензорен и социјален развој + моменти на блискост

Како да го користиш календарот?

Календарот се користи секојдневно или со ваше темпо, преку кратки моменти на игра на под, низ домот, покрај мебел или како дел од дневните рутини. Активностите секогаш се прилагодуваат на интересот, енергијата и расположението на твоето бебе.

Сите активности задолжително се изведуваат под постојан надзор на возрасен. Доколку имаш било каква загриженост околу развојот на твоето бебе, секогаш консултирај се со неговиот педијатар.

You may also like