Продавница
Запознај нè
Следи нè
Развојно воден календар со секојдневни активности за бебиња од 11 до 12 месеци, создаден да ги поддржи клучните развојни одредници во период кога бебето е на чекор до проодување и првиот роденден.
Периодот од 11 до 12 месеци е време на голема самостојност и силна желба за истражување. Бебињата сè повеќе се движат, се обидуваат да стојат и чекорат, активно имитираат однесување и почнуваат да разбираат кратки инструкции. Во исто време, се појавуваат јасни преференции, емоции и силна поврзаност со блиските.
Овој календар е создаден за да ти помогне секој ден да знаеш што да понудиш на твоето бебе, без пребарување, без двоумење и без притисок. Секоја активност е внимателно осмислена според развојните фази на оваа возраст и ги следи природните потреби на бебето за движење, комуникација, истражување и учење преку игра.
Активностите се едноставни, интересни и без комплицирана подготовка, со материјали што најчесто веќе ги имаш дома. Целта не е „учење“, туку поддршка на развојот преку игра и создавање моменти на блискост помеѓу тебе и твоето бебе.
Календарот се користи секојдневно или со ваше темпо, преку кратки моменти на игра на под, покрај мебел, во скут, хранилка, масичка или како дел од дневните рутини. Активностите секогаш се прилагодуваат на интересот, енергијата и расположението на твоето бебе.
Сите активности задолжително се изведуваат под постојан надзор на возрасен. Доколку имаш било каква загриженост околу развојот на твоето бебе, секогаш консултирај се со својот педијатар.