Skip to product information
Тематски пролетен календар со активности | 2-4 години

Тематски пролетен календар со активности | 2-4 години

490 ден.

Развојно воден пролетен календар со секојдневни активности за деца од 2 до 4 години, создаден да ги поддржи клучните развојни одредници во период кога детето сè повеќе се движи, истражува и ја користи својата имагинација, а пролетта носи нови можности за учење преку игра и природа.

Периодот од 2 до 4 години е време на интензивен развој во говорот, движењето и социјалните вештини. Детето поставува многу прашања, сака да биде самостојно и почнува појасно да ги изразува своите мисли и чувства. Играта станува побогата, со имагинарни сценарија и имитирање на секојдневни ситуации. Во оваа фаза се развива координацијата, вниманието и разбирањето на едноставни правила.

Овој календар е создаден за да ти помогне секој ден да знаеш што да понудиш на твоето дете, без пребарување, без сомнеж и без притисок. Секоја активност е внимателно осмислена според развојните потреби на оваа возраст и ја следи природната љубопитност на детето за движење, истражување и креативно изразување.

Активностите се лесни за подготовка, интересни и прилагодени за реалното секојдневие, со материјали што најчесто веќе ги имаш дома или можеш да ги најдеш во природата. Целта не е „совршена активност“, туку поддршка на развојот преку игра, разговор и создавање поврзувачки моменти помеѓу тебе и твоето дете.

Што добиваш?
Календар со секојдневни пролетни активности за возраст 2–3 години во PDF формат, лесен за користење на телефон или печатење
Активности усогласени со развојните одредници за оваа возраст
Јасни и разбирливи инструкции со едноставни материјали
Активности за говор, логика, креативност, фина и крупна моторика
Поддршка за самостојност, концентрација и квалитетно време заедно

Како да го користиш календарот?
Календарот се користи секојдневно или по ваше темпо, преку кратки моменти на игра дома, надвор или како дел од дневните рутини. Активностите се прилагодуваат на интересот, енергијата и расположението на твоето дете.

Сите активности задолжително се изведуваат под надзор на возрасен. Доколку имаш било каква загриженост околу развојот на твоето дете, секогаш консултирај се со педијатар.

You may also like