Skip to product information
Тематски бебе календар со безбедни активности | 6-18 месеци

Тематски бебе календар со безбедни активности | 6-18 месеци

490 ден.

Не знаеш од каде да почнеш? Се прашуваш дали играта е безбедна? Чувствуваш страв дека можеби правиш нешто погрешно?

Овој бебе календар е создаден токму за тебе, за мајки кои сакаат да понудат развојна и безбедна игра, но им треба јасна насока и поддршка.

Овие 15 активности се дизајнирани како едноставни, безбедни и развојно соодветни игри за бебиња од 6 до 18 месеци, со фокус на сензорно истражување и природен развој.

 Што развиваат овие активности? 

  • Сензорен развој (допир, вкус, мирис, звук, визуелно следење)
  • Фина моторика (фаќање, стискање, префрлање, лепење/одлепување)
  • Координација око-рака (ставање во отвор, вадење, насочено движење)
  • Когнитивен развој (причина-последица, објектна перманентност)
  • Самостојна игра и концентрација (истражување со сопствено темпо)

 Како да ги користите правилно?

  • Следете го темпото на детето - нема „правилен“ начин на игра
  • Дозволете слободно истражување (не покажувајте премногу)
  • Повторувањето е клучно - истата игра може да биде интересна повеќе пати
  • Ротирајте активности за да останат нови и интересни
  • НИКОГАШ НЕ ГО ОСТАВАЈТЕ БЕЗ НАДЗОР ВАШЕТО БЕБЕ

Ова не се „само игри“, ова е начин детето да го запознае светот.

Колку повеќе му дозволиме само да истражува, толку повеќе учи.

ЗНАЕТЕ ВЕЌЕ ТОА ШТО РАЧИЊАТА ГО ПРАВАТ, МОЗОЧЕТО ГО ПАМЕТИ


You may also like