Продавница
Запознај нè
Следи нè
Развојно воден пакет што ги обединува трите календари со секојдневни активности за возраст од 6 до 12 месеци, создаден да го поддржи твоето бебе низ целата прва година од активното истражување, движење и поврзување.
Периодот од 6 до 12 месеци е време на огромни промени. Од првите обиди за ползење, преку разбирање на причина и последица, па сè до проодување, имитација и први зборови - секој месец носи нови развојни скокови. Овој пакет е создаден за да ти помогне да бидеш чекор пред тие промени, со активности што точно одговараат на фазата во која се наоѓа твоето бебе.
Секој календар во пакетот е внимателно осмислен според развојните одредници за таа возраст и ги следи природните потреби на бебето за движење, сензорно истражување, комуникација и блискост. Активностите се кратки, нежни и лесни за примена, без комплицирана подготовка и со материјали што најчесто веќе ги имаш дома.
Овој пакет е идеален ако сакаш сигурност и континуитет, знаејќи дека во текот на целиот овој период ќе имаш соодветни идеи за игра што го поддржуваат развојот, без пребарување и без притисок.
Секој календар го користиш во периодот за кој е наменет, секојдневно или по ваше темпо, преку кратки моменти на игра на под, во скут, хранилка или како дел од дневните рутини. Активностите се прилагодуваат на ритамот, расположението и интересот на твоето бебе.
Сите активности задолжително се изведуваат под постојан надзор на возрасен. Доколку имаш било каква загриженост околу развојот на твоето бебе, секогаш консултирај се со педијатар.
Овој пакет со три календарчиња е совршен избор ако бараш подарок за мама на која ќе и биде од огромна помош да има алатка за игра во првата година или ако сакаш однапред подготвен план за игра што расте заедно со твоето бебе.