Продавница
Запознај нè
Следи нè
Развојно воден календар со секојдневни активности за деца од 19 до 21 месец, создаден да ги поддржи клучните развојни одредници во период кога детето станува сè поактивно, поупорно и посамостојно во своите избори и движења.
Периодот од 19 до 21 месец е време на силен напредок во говорот, моториката и емоционалниот развој. Децата веќе сигурно одат, почнуваат да трчаат, се качуваат, носат предмети и сакаат активно да учествуваат во секојдневните активности. Во оваа фаза, зборовите полека се зголемуваат, а желбата „јас сам“ станува сè поизразена.
Овој календар е создаден за да ти помогне секој ден да знаеш што да понудиш на твоето дете, без пребарување, без сомнеж и без притисок. Секоја активност е внимателно осмислена според развојните фази на оваа возраст и ги следи природните потреби на детето за движење, истражување, повторување, комуникација и изразување емоции.
Активностите се едноставни, интересни и лесни за подготовка, со материјали што најчесто веќе ги имаш дома. Целта не е „перфектна активност“, туку поддршка на развојот преку игра, трпение и создавање сигурни моменти на поврзување помеѓу тебе и твоето дете.
Календарот се користи секојдневно или со ваше темпо, преку кратки моменти на игра на под, низ домот, надвор или како дел од дневните рутини. Активностите секогаш се прилагодуваат на интересот, енергијата и расположението на твоето дете.
Сите активности задолжително се изведуваат под постојан надзор на возрасен. Доколку имаш било каква загриженост околу развојот на твоето дете, секогаш консултирај се со педијатар.