Продавница
Запознај нè
Следи нè
Развојно воден календар со активности за деца од 4 до 6 години, создаден да го поддржи периодот кога детето прв пат ги забележува буквите и бројките насекаде околу себе во маркет, на кутија со млеко, на лифт и почнува да прашува „што пишува тука?".
Периодот од 4 до 6 години е времето кога симболите почнуваат да значат нешто. Буквата повеќе не е цртеж, а бројката не е само збор што се повторува наизуст туку стануваат алатки. Детето го поврзува гласот со буквата, разбира дека „3" значи три предмети, раката бара прецизност, а окото учи да се движи одлево надесно. Тоа се темелите на читањето и пишувањето и тие се градат пред училиште, во игра.
Овој календар е создаден за да не мора да бараш, да смислуваш и да се сомневаш дали го правиш вистинското. Активностите тука не се учење со работни листови, туку игра: со сол, вода, боја, штипки, зрна и коцки. Целта не е детето да знае да чита на пет години, туку раката, окото и вниманието да бидат спремни кога ќе дојде време за тоа.
Секоја игра се подготвува за неколку минути, од материјали што најчесто веќе ги имаш дома. Нема редослед и нема доцнење — избираш според денот, енергијата и интересот на детето, а штиклираш што сте одиграле.
Што добиваш?
Како да го користиш календарот?
Календарот нема редослед и не се работи по датум. Отвораш, избираш игра според расположението и времето што го имаш, и штиклираш. Пет минути со целосно внимание вредат повеќе од половина час со отпор. Некои деца на четири веќе ги пишуваат буквите, други на шест само ги препознаваат и двете се во ред. Играј според детето, не според календарот.
Сите активности задолжително се изведуваат под надзор на возрасен, особено оние со ножички, ситни зрна и мали камчиња. Доколку имаш било каква загриженост околу развојот на твоето дете, секогаш консултирај се со педијатар.