{"product_id":"thematic-summer-calendar-toddlers-2-4-years","title":"Тематски летен календар со активности | 2-4 години","description":"\u003cp\u003eРазвојно воден летен календар со секојдневни активности за деца од 2 до 4 години, создаден да ги поддржи клучните развојни одредници во период кога детето сè повеќе се движи, истражува и ја користи својата имагинација, а летото носи неограничени можности за учење преку игра, сонце и природа.\u003c\/p\u003e\n\u003cp\u003eПериодот од 2 до 4 години е време на интензивен развој во говорот, движењето и социјалните вештини. Детето поставува многу прашања, сака да биде самостојно и почнува појасно да ги изразува своите мисли и чувства. Играта станува побогата, со имагинарни сценарија и имитирање на секојдневни ситуации. Во оваа фаза се развива координацијата, вниманието и разбирањето на едноставни правила.\u003c\/p\u003e\n\u003cp\u003eОвој календар е создаден за да ти помогне секој ден од летото да знаеш што да понудиш на твоето дете, без пребарување, без сомнеж и без притисок. Секоја активност е внимателно осмислена според развојните потреби на оваа возраст и ја следи природната љубопитност на детето за движење, истражување и креативно изразување – прилагодена за сонце, вода, песок и подолгите летни денови.\u003c\/p\u003e\n\u003cp\u003eАктивностите се лесни за подготовка, интересни и прилагодени за реалното секојдневие, со материјали што најчесто веќе ги имаш дома, во дворот или можеш да ги најдеш во природата. Целта не е „совршена активност\", туку поддршка на развојот преку игра, разговор и создавање поврзувачки моменти помеѓу тебе и твоето дете.\u003c\/p\u003e\n\u003ch4\u003eШто добиваш?\u003c\/h4\u003e\n\u003cul\u003e\n\u003cli\u003eКалендар со секојдневни летни активности за возраст 2-4 години во PDF формат, лесен за користење на телефон или печатење\u003c\/li\u003e\n\u003cli\u003eАктивности усогласени со развојните одредници за оваа возраст\u003c\/li\u003e\n\u003cli\u003eЈасни и разбирливи инструкции со едноставни материјали\u003c\/li\u003e\n\u003cli\u003eАктивности за говор, логика, креативност, фина и крупна моторика\u003c\/li\u003e\n\u003cli\u003eПоддршка за самостојност, концентрација и квалитетно време заедно\u003c\/li\u003e\n\u003cli\u003e🎁 Бонус: мини водич „Игри за во кола\"- идеален за летните патувања, со кратки и забавни активности што го чуваат детето ангажирано без екран\u003c\/li\u003e\n\u003c\/ul\u003e\n\u003ch4\u003eКако да го користиш календарот?\u003c\/h4\u003e\n\u003cp\u003eКалендарот се користи секојдневно или по ваше темпо, преку кратки моменти на игра дома, надвор или како дел од дневните летни рутини. Активностите се прилагодуваат на интересот, енергијата и расположението на твоето дете.\u003c\/p\u003e\n\u003cp\u003eСите активности задолжително се изведуваат под надзор на возрасен. Доколку имаш било каква загриженост околу развојот на твоето дете, секогаш консултирај се со педијатар.\u003c\/p\u003e","brand":"Angela","offers":[{"title":"Default Title","offer_id":54196880834870,"sku":"D-CAL-ADV-JUL-26-2-4","price":590.0,"currency_code":"MKD","in_stock":true}],"thumbnail_url":"\/\/cdn.shopify.com\/s\/files\/1\/0959\/0862\/6742\/files\/thematicsummercalendarcover.png?v=1783503786","url":"https:\/\/dmimio.com\/products\/thematic-summer-calendar-toddlers-2-4-years","provider":"D Mimio","version":"1.0","type":"link"}